fbpx

Блог

Последни вести

Пазар на труд во Македонија

Според податоците на Државниот завод за статистика, во III тримесечје од 2019 година, активното население во Република Македонија изнесува 964 248 лица, од кои вработени се 799 546, а 164 702 лица се невработени. Стапката на активност во овој период е 57.2, стапката на вработеност 47.4, додека стапката на невработеност изнесува 17.1.

Исто така. според податоците на Државниот завод за статистика, за третото тримесечје од 2019 година, стапката на слободни работни места изнесувала 1.51%. Највисока стапка на слободни работни места имал секторот Л – Административни и помошни услужни дејности 3.43 %, додека најмала стапка имало во секторот Г – Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација, во кој изнесува 0.19 %.

Деловните субјекти со број на вработени од 10 до 49 имале највисока стапка на слободни работни места, која изнесувала 1.71 %.

Југоисточниот Регион имал највисока стапка на слободни работни места, која изнесувала 2.35 %. Најголем број слободни работни места, односно 2 853, имало во петтата група занимања – Работници во услужни дејности и продажба.

Извор: Државен завод за статистика

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *