fbpx

ОЗОН дооел

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР -индустриско инженерство и менаџмент

  • Полно работно време
Месечна плата:

Oгласуваме слободно работно место на позицијата: МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР -индустриско инженерство и менаџмент

Озон има потреба од машински инженер, кој ќе му се придружи на нашиот тим во Скопје. Кандидатот ќе биде одговорен за изработка на решенија, креирање понуди и вршење продажба на системи и опрема за климатизација, ладење, греење, вентилација и други производи.

Потребно е да се исполнат следниве услови за да се конкурира:
 Завршен Машински Факултет – насока Термотехника ќе се смета за предност
 Претходно работно искуство не е предуслов, но ќе се смета за предност
 Доколку кандидатот поседува овластување Б или А ќе се смета за предност
 Познавање програми за 2Д и 3Д цртање – “Autocad MEP” и слични
 Познавање програми за работа на компјутер – “excel, word” и други
 Возачка дозвола Б категорија
 Да поседува вештини за комуникација, позитивен однос кон околината, грижа кон луѓето и одговорност кон работата

За следниве работни задачи
 Фреквентна и континуирана комуникација со купувачи и водење записи
 Исполнување месечни и годишни планови за продажба
 Достапност кон претпоставените и купувачите во секое време
 Изработка на решенија, избор на опрема и креирање понуди спрема купувачи во најкратко време
 Одговорен и посветен однос кон работата, спремност за завршување на задачите во краток временски рок, во смени и во различни денови од неделата
 Комплетирање документација за проекти, опрема и производи согласно со барани прописи и технички стандарди
 Организација и архивирање документација за тековната работа
 Изработка на извештаи, маркетиншки материјали, кампањи за продажба
 Примена и реализација на современи решенија и технологии

Се добиваат следниве услови за работа
 Редовни примања
 Можност за обука и стекнување нови знаења
 Можност за посета и учество на саеми и други стручни надградувања
 Возило и мобилен телефон за извршување на службените задачи
 Награди за квалитетно извршување на работните задачи
 Исплата на регрес за годишен одмор согласно со условите за стекнување
 Можност за остварување новогодишен или друг надоместок

Доколку сте заинтересирани испратете ги вашата биографија и писмо за мотивација на Македонски јазик на адреса: vrabotuvanje@ozon.com.mk

Преглед на работа

ОЗОН дооел

Озон е фирма за производство на уреди за климатизација и вентила