fbpx

ТЕРМО СИСТЕМ

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

  • Полно работно време

ТЕРМО СИСТЕМ дооел е формирана во 2003 год. во Скопје како фирма чија главна дејност е увозот, трговијата, инженерингот и изведбата на инсталации во областа на греење, водовод, соларни системи и климатизација

Ние сме секогаш отворени за соработка со млади, стручни и амбициозни луѓе со цел – остварување на заедничките интереси.

Доколку она што претставува Ваша понуда, нуди квалитет и визија за остварување на заедничката цел, штета би било да не пратите кратка биографија со Вашите податоци.

Можете да бидете спокојни за нивната доверливост и приватност.

Ако одговорот не го добиете веднаш, не се разочарувајте.

Вашата пријава ќе биде зачувана во нашата архива и ќе ве повикаме веднаш штом се укаже потреба за работните способности што ги поседувате.

Поради отварањето на новиот салон и зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработени на следниве позиции;

МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР

Потребни квалификации:

  • Машински факултет, Дипломиран машински инженер ВСС
  • Co или без работно искуство
  • Познавање на англиски јазик
  • Работа на компјутер (MS Office, AutoCad)
  • Искуство со работа на термотехнички  проекти  ќе се смета за предност
  • Задолжително поседување на возачка дозвола,  Б – категорија

Личен профил:

  • Способност за самостојна и тимска работа
  • Високо развиени комуникациски и организациони вештини
  • Одлични аналитички способност
  • Професионален и позитивен однос

Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија со наслов МАШИНСКИ ИНЖЕНЕР (CV)  на следната email адреса: info@termosistem.com.mk.

Преглед на работа

ТЕРМО СИСТЕМ