ТЕРМО СИСТЕМ дооел е формирана во 2003 год. во Скопје како фирма чија главна дејност е увозот, трговијата, инженерингот и изведбата на инсталации во областа на греење, водовод, соларни системи и климатизација
Ние сме секогаш отворени за соработка со млади, стручни и амбициозни луѓе со цел – остварување на заедничките интереси.
Доколку она што претставува Ваша понуда, нуди квалитет и визија за остварување на заедничката цел, штета би било да не пратите кратка биографија со Вашите податоци.
Можете да бидете спокојни за нивната доверливост и приватност.
Ако одговорот не го добиете веднаш, не се разочарувајте.
Вашата пријава ќе биде зачувана во нашата архива и ќе ве повикаме веднаш штом се укаже потреба за работните способности што ги поседувате.
Поради отварањето на новиот салон и зголемениот обем на работа, имаме потреба од вработени на следниве позиции: Возач – дистрибутер со Б категорија
Потребни квалификации:
- Образование ССС
- Предност со работно искуство во дистрибуција на роба
- Основно познавање на работа со компјутер
- Возачка валидна дозвола со Б категорија
Личен профил:
- Висока мотивираност, самоиницијативност
- Тимска работа
- Способност за преземање одговорност
Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со наслов ВОЗАЧ на следната email адреса: info@termosistem.com.mk