fbpx

ОК РЕСТОРАНТС & БАРС ДООЕЛ – SUSHICO

ОК РЕСТОРАНТС & БАРС ДООЕЛ – SUSHICO

0 Работни места

Регистар на компании

Интернационално препознатливиот бренд SushiСo претставува синџир на ресторани со карактеристична јапонска, тајландска и кинеска храна. Ресторанот во Скопје е префинето уреден со цел на посетителите да им овозможи максимално уживање и пријатна атмосфера. Со отворањето на ресторанот на овој пазар, брендот Sushico го најави своето присуство и на Балканот.

Лоциран во срцето на градот, во Дебар маало, SushiСo е првиот суши ресторан во земјава кој нуди исклучително квалитетни специјалитети од модерните кујни на Јапонија, Тајланд и Кина. Во процесот на подготовка на храната, огромно внимание се посветува на почитувањето на стандардите за квалитет. SushiCo ресторанот е карактеристичен по високо професионалната услуга на персоналот што воедно претставува и дополнителен мотив за посета при различни пригоди. Ресторанот е одлично место за семејни или бизнис средби или дружби со пријателите, а овозможува и бесплатна достава на храна до посакуваната локација во Скопје.

Исклучителноста на услугата и вкусното мени се главната причина Sushico рестораните да бидат првиот избор на вистинските љубители на различните вкусови на Далечниот Исток. Со цел да се постигне оригиналниот изглед на азиските ресторани, секој детаљ од ентериерот е уреден во препознатливите белези на источната традиција со современа интерпретација, а во кујната на Sushico работат професионални готвачи од Јапонија, Кина и Тајланд.

Информации за компанијата

20th мај 2021