Помошник раководител на сектор – Инспекторат на Градот Скопје
ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 27/2023
1 државен службеник од група I, подгрупа I во Град Скопје
1. ИНС0101Б03001 Помошник раководител на сектор – Инспекторат на Градот Скопје, (1)
Општи услови
– да е државјанин на Република Македонија,
– активно да го користи македонскиот јазик,
– да е полнолетен,
– да има општа здравствена способност за работното место,
– со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.
Посебни услови
– ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен, високо образование
– најмалку 4 (четири) години работно искуство по дипломирањето, од кои најмалку една година како инспектор
Општи работни компетенции– решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
– учење и развој
– комуникација
– остварување резултати
– работење со други/тимска работа
– стратешка свест
– ориентираност кон странките/засегнати страни
– раководење и
– финансиско управување
Посебни работни компетенции– активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
– активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)
Дополнителни услови
– возачка дозвола Б категорија
Распоред на работно време
– Работни денови понеделник-петок
– Работни часови неделно 40
– Работно време од 08:30 до 16:30
– Опис за работното време
Паричен нето износ на плата: 46.714,00 денари
НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2023 год. се : Македонец(ка) 1.