fbpx

Државен музичко-балетски училишен центар Илија Николовски Луј

Советник за општи и нормативно правни работи – Секретар

  • Полно работно време
Месечна плата:

ЈАВЕН ОГЛАС БРОЈ – 168А/2022

 јавен службеник од група I, подгрупа II во Државен музичко-балетски училишен центар Илија Николовски Луј Скопје 

1. ОБН0102В01001 Советник за општи и нормативно правни работи – Секретар, Одделение за нормативно-правни работи, човечки ресурси и општи работи, Административна служба

Општи услови

  • да е државјанин на Република Македонија,
  • активно да го користи македонскиот јазик,
  • да е полнолетен,
  • да има општа здравствена способност за работното место,
  • со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

  • ниво на квалификациите VI А според Македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, Правни науки
  • најмалку 3 (три) години работно искуство во струката

 

Општи работни компетенции

  • решавање проблеми и одлучување за работи од својот делокруг
  • учење и развој
  • комуникација
  • остварување резултати
  • работење со други/тимска работа
  • стратешка свест
  • ориентираност кон странките/засегнати страни и
  • финансиско управување

 

Посебни работни компетенции

  • активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење
  • активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски)

 

Распоред на работно време

  • Работни денови: понеделник-петок
  • Работни часови: 40 неделно
  • Работно време: од 08:00 до 16:00

 

Паричен нето износ на плата: 25.840,00 денари

НАПОМЕНА: Предвидени вработувања согласно годишниот план на институцијата за 2020 год. се : Албанец(ка) 1.

Преглед на работа

Државен музичко-балетски училишен центар Илија Николовски Луј