fbpx

Блог

Последни вести

Маркетинг стратегија со фокус на потрошувачите

Промените на светскиот пазар во последните години ја наметнуваат потребата за редефинирање на маркетингот и улогата што треба да ја има во XXI век, со обзир на тоа што критериумите кај потрошувачите под влијание на глобализацијата на пазарот, исто така се менуваат.

 

Промените со најголем импакт се:

– Намалување на профитот на мегабрендовите како резултат на нападот на ниско брендираните и конкурентите со ниски цени;
– Исчезнување на маркетинг секторите во голем број претпријатија и нивна замена со маркетинг одговорност на повеќе специфично фокусирани функции;
– Намалување на побарувачката за одредени специјализирани маркетинг вештини, вклучувајќи го прибирањето и анализата на податоци;
– Појава на „нов“ тип на потрошувач кој бара далеку поголема додадена вредност и квалитет на понудите;
– Поголема, поагресивна и поостра конкуренција на пазарите;
– Премин од масовен кон сегментирачки маркетинг;
– Подиректна и подолготрајна соработка како со потрошувачите и надворешните партнери, така и внатре во претпријатието;
– Зголемена улога на електронскиот маркетинг во односите со потрошувачите;
– Зголемена свест за општествена одговорност.

Главните импликации на овие предизвици се гледаат во потребата за постојани подобрувања на квалитетот на производите и услугите, развој на нови и иновативни производи, справување со конкурентите и дополнителни или подобрени услуги за потрошувачите

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *