Живееме во ера на глобален пазар. Компаниите се соочуваат со голема конкурентност. Нивниот опстанок, раст и развој се поврзуваат со способноста за прилагодување на нивниот внатрешен потенцијал со пазарните барања. Во овој поглед, значајна улога има маркетингот како процес на идентификување, антиципирање и профитабилно задоволување на потребите и барањата на потрошувачите.
Маркетинг стратегијата е една од најважните стратегии за претпријатието, без разлика на дејноста на која тоа припаѓа. Во суштина, станува збор за план на активности кои се финансиски, временски и трошковно детерминирани, насочени кон остварување на поставените маркетинг цели.
Појдовна точка во формулирањето на маркетинг стратегија е идентификување на различните сегменти потрошувачи кои постојат на пазарот и нивните потреби со цел избор на оние сегменти кое претпријатието може поефикасно да ги задоволи од конкурентите. За таа цел, се утврдуваат пазарните можности преку анализа на надворешната средина, проценување на моменталната побарувачка на пазарот и предвидување на идниот потенцијал. Потоа, врз основа на анализа на факторите кои влијаат на однесувањето на потрошувачите во процесот на купување и самиот процес на донесување одлука за купување, се врши сегментација на пазарот на хомогени групи потрошувачи кои очекува дека најдобро ќе реагираат на планираната маркетинг стратегија.
#consumers #marketingstrategy #profit #segmentation #market