Дигитал трендс ДОО Скопје е посветен на заштита на приватноста и интегритетот на личните податоци со кои доаѓа во контакт во текот на своето работење. Во овој документ за применета
политика за приватност (privacy policy) се назначени видовите лични податоци кои ги примаме и собираме при користење на веб-сајтот rabotazatebe.mk, како и некои од чекорите кои ги преземаме за нивна заштита.
Основни одредби
Сите приватни податоци под контрола на Дигитал трендс ДОО Скопје се добиени доброволно, преку експлицитна согласност на нивните сопственици, или од трети страни кои ја имаат добиено согласноста на сопствениците за таа намена. Личните податоци под контрола на Дигитал трендс ДОО Скопје се користат само за намената за која се собрани, а доколку има потреба да се искористат и за други цели, тоа се прави само со експлицитна дозвола од нивните сопственици. Политика на Дигитал трендс ДОО Скопје е записите кои содржат лични податоци да се уништуваат/бришат по истекот на рокот за нивно чување, доколку е определен со договор или закон, или по завршувањето на проектот во рамки на кои биле собрани. Податоците кои се прибираат преку веб-сајтот на rabotazatebe.mk се користат само за статистички потреби, а не и за следење на активноста на поединечни корисници. Во случај на криминална истрага, Дигитал трендс ДОО Скопје се придржува до важечките закони на Р. Македонија и податоците собрани со активноста на веб-сајтот се достапни на органите на прогон само со валиден судски налог, со исклучок на случај на злоупотреба на нејзин информациски систем или веб-сајт, кога логовите може се испитуваат и анализираат и во предистражната постапка.
CV – Кратки биографии на корисниците
CVата кои корисниците ги прикачуваат на сајтот rabotazatebe.mk, или пак ги внесуваат, се видливи само за нив и за компаниите каде корисникот аплицирај на некој од огласите на таа компанија. Доколку корисникот ја затвори сметката, сите податоци ќе бидат уништени/избришани.
Користење колачиња
Колаче е информација која се зачувува на Вашиот компјутер од страна на веб страницата што ја посетувате. Колачињата обично ги зачувуваат Вашите поставки, поставките за веб страната, како што се префериран јазик или адреса. Подоцна, кога повторно ќе ја отворите истата веб страница, интернет пребарувачот ги испраќа назад колачињата кои припаѓаат на таа веб страница. Ова овозможува страницата да прикажува информации кои се прилагодени на Вашите потреби.
Колачињата може да зачуваат широк спектар на информации, вклучувајќи лични податоци (како што е Вашето име или e-mail адреса). Сепак, овие податоци може да бидат зачувани само ако Вие тоа го овозможите – веб страниците не можат да добијат пристап до податоци за кои Вие не сте им дале одобрување и не можат да пристапат до податоците во Вашиот компјутер. Процесот на зачувување и испраќање на колачи Вам не ви е видлив. Сепак, можете да ги промените Вашите поставки во интернет пребарувачот за да можете сами да бирате дали барањата за зачувување на колачиња ќе ги прифатите или одбиете, или пак ќе ги избришете веќе зачуваните колачиња автоматски при затворање на интернет пребарувачот и слично.
Како да ги оневозможите колачињата?
Со исклучување на колачињата одлучувате дали сакате да се зачувуваат истите на вашиот компјутер. Поставките за колачиња можат да се контролираат и конфигурираат во вашиот интернет пребарувач. За информации во врска со поставките за колачиња, изберете го интернет пребарувачот што го користите. Ако ги оневозможите колачињата, и понатаму може да ја отворате страницата rabotazatebe.mk, но некои нејзини опции нема да Ви бидат достапни.
Што се привремени колачиња?
Привремени колачиња или колачиња за сесија се бришат од компјутерот по затворањето на интернет пребарувачот. Со нивна помош, веб страните зачувуваат привремени податоци, како што се ставките во вашата кошничка за купување.
Што се постојани колачиња?
Постојани или зачувани колачиња остануваат на компјутерот и по затворањето на интернет пребарувачот. Со нивна помош, веб страниците зачувуваат податоци како што се име на корисник и лозинка, така што нема потреба одново да се најавувате при секоја посета на одредена веб страница.
Што се колачиња од прва страна?
Колачиња од прва страна доаѓаат од веб страници кои ги гледате, а истите може да бидат постојани или привремени. Со помош на тие колачиња, веб страниците може да зачувуваат податоци кои повторно ќе се употребат во текот на следната посета на истата таа веб страница.
Што се колачиња од трети страни?
Колачиња од трети страни доаѓаат од реклами од други веб страници (како што се pop-up или други реклами) кои се на веб страната што ја гледате. Со помош на тие колачиња, веб страниците можат да ја следат Вашата активност на интернет за маркетиншки цели.
Дали rabotazatebe.mk користи колачиња?
Да, со примарна цел нашата веб страница да Ви овозможи подобро корисничко искуство.
Какви колачиња користиме ?
Привремени колачиња (Session cookies) – при отворање на содржините, коментирање, аплицирање на огласи и сл. (работи кои мора да ги направите кога се најавувате со своите податоци на веб страницата).
Трајни колачиња (Persistent cookies) – за функционалности како што се “Запомни ме" при најавување.
Дополнителни информации за исклучување на колачиња – Во моментов постојат неколку веб страници за исклучување на опцијата за зачувување на колачиња за различни сервиси. Повеќе за тоа може да прочитате на следните линкови:
https://www.allaboutcookies.org/
https://www.youronlinechoices.eu/
Е-пошта
Податоците кои посетителите ги
испраќаат доброволно преку е-маил и формуларот за контакт се сметаат за службена тајна и се чуваат во согласност со општите одредби и правилата и прописите за архивско работење. Тука спаѓаат и нивната адреса за е-пошта, име, презиме, поштенска адреса, телефон.