Теоријата на Херзберг е базирана на прашањето: Што сакаат луѓето од својата работа? Луѓето никогаш не се задоволни со сè што се случува во текот на работата и работното место. Има одредени елементи или фактори кои ги задоволуваат и некои кои не ги задоволуваат. Неговата теорија се обидува да објасни што го поттикнува задоволството, а што незадоволството во организациите. Утврдил дека на однесувањето на луѓето во организациите влијаат две независни групи на фактори: мотивирачките фактори (мотивации и хигиеници). Мотивирачките фактори, главно, се од нематеријален карактер (задоволство, исполнетост), додека хигиениците се од материјален карактер и се под контрола на надредените личности. Мотивацијата е состојба на задоволство која се рефлектира на работата, на себе, во успехот, признанијата, одговорноста, придонесот, постигнувањата, предизвикувачка работа, одговорност, пораст, напредување, признавања и сл. Хигиеници се: платата, техничката поткрепа, работните услови, правилата, бенефициите и сл. Значењето на оваа теорија за менаџментот и мотивацијата е следното: Факторите како плата, бенефиции, работни услови не предизвикуваат задоволство или мотивираност. Доколку се под одредената граница тие ќе предизвикаат одреден степен на незадоволстлво, но еднаш доведени до степен во којшто не предизвикуаат незадоволство ќе имаат доста мало позитивно влијание. Поголеми остварувања во мотивираноста на работниците се постигнуваат со ориентацијата на факторите како што се: можностите за напредување, постигнувања, предизвици, развивање и признанија. Важно е да се напомене дека Херзберг факторите на задоволство и факторите на незадоволство не ги доживувал како два екстреми со ист континиум. Наместо тоа, тој тие две групи на фактори ги гледал како две независни варибли. Спротивност од задоволството не е незадоволството, туку непостоење на задоволство. Спротивноста на незадоволството не е задоволство, туку непостоење на незадоволство. Некои фактори го објаснуваат задоволството од работата, некои незадоволството, но ниеден не е чисто отсуство на другиот. Факторите на хигиена можат да се опишат како нешто што треба да биде исполнето за да се избегнат незадоволствата. На пример, да се биде здрав не е извор на мотивација, но да се биде болен или во лоша состојба е извор на демотивација. Да се мотивираат луѓето треба да се потенцираат достигнувањата, признанијата, одговорноста и работата. Постојат внатрешни мотивациски фактори опишани од Херзберг како мотиватори. Друг пример: ние не работиме за пари, но ако не ни се плати нема да работиме.