fbpx

Блог

Последни вести

Управување со човечки ресурси

Менаџментот на човечки ресурси е процес на управување со луѓе во организациите на структуриран и темелен начин. Ова ги опфаќа областите на екипирање, задржување на вработените, утврдување и управување со плати и надоместоци, управување со перформансите, управување со промени и грижа за излез од компанијата за заокружување на активностите.

Функцијата на управување со човечки ресурси освен активностите за ангажирање на луѓе, нивна обука и развој исто така вклучуваат управување со пристапот кон бенифициите и надоместоците на вработените, евиденцијата на вработените и кадровските политики. Човечките ресурси се фокусираат на максимизирање на продуктивноста на вработените, како и за спроведување на политиките и процесите во организацијата.

Управувањето со човечките ресурси постојано се менува и унапредува проследено со чести предизвици и промени во бизнисот. Стана јасно дека вработените без оглед која работа ја извршуваат не се потпираат на вработувањето само поради извршување на своите работни задачи и добивање плата за тоа, туку и за докажување на своите способности.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *